За лабораторијата

УНИЛАБ е лабораторија во состав на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, која функционира како посебна организациска целина. Нејзината работа е заснована на законска регулатива, подзаконски акти и стандарди, како што се:
• Закон за високо образование;
• Закон за акредитација;
• Стандардот за квалитет на лабораториско тестирање МКС EN ISO/IEC 17025:2018.
Лабораторијата се самофинасира со давање на услуги кон своите клиенти. Резултатите од тестирањата се веродостојни и валидни со највисок квалитет при работењето.
Раководителот и вработените во Лабораторијата се ослободени од внатрешни, комерцијални, финансиски и други притисоци кои можат да влијаат на нивното работење.
Лабораторијата е одговорна за сите тестирања што ги извршуваат, согласно барањата на меѓународните стандарди, методи, прописи, потребите на корисниците и законската регулатива.
Со неа раководи Раководител, кој има одговорност за работењето согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 и другите прописи.
Лабораторијата има управувачки и технички персонал кој без оглед на други одговорности има овластувања и ресурси, кои се потребни за спроведување на нивните должности.
Раководителот и вработените во Лабораторијата се ослободени од внатрешни, комерцијални, финансиски и други притисоци кои можат да влијаат на нивното работење.
Лабораторијата располага со најсовремена инфраструктура и обучен персонал, и секој резултат од тестирањето е проверен во строго контролирани услови.

Мото на лабораторијата: ПРОФЕСИОНАЛНИ И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ

Лабораторија

Со известување од Институтот за акредитација на Република Македонија од 27 јануари 2012 година, УНИЛАБ на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип се стекна со Сертификат за акредитација, бр. ЛТ – 028, за спроведен Стандард МКС EN ISO/IEC 17025 : 2006 во своето работење. Со добивањето на овој Сертификат за акредитација (бр. ЛТ – 028), УНИЛАБ се вброи меѓу институциите во Република Северна Македонија кои вршат тестирања и чиишто извештаи од тестирањата се меѓународно признати.

Сертификат за акредитација

Прилог за акредитација

Со овој Сертификат се потврдува дека се исполнети барањата на стандардот

Решение за испитување

Решение за вршење на лабораториски испитувања на ѓубре

Решение за овластување

Решение за овластување на лабораторија за вршење на анализа заради ставање на виното во промет

Метеролошки станици на УГД

 

© 2016 UNILAB. All Rights Reserved | Design by W3layouts