ИСПИТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА НА РАСТЕНИЈАТА ВО ОДДЕЛОТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА

Здравствената состојба на растенијата е значаен фактор за едно квантитативно и квалитативно земјоделско производство.

Стручниот тим од Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина, Оддел за заштита на растенијата континуирано е присутен на терен и ја следи состојбата како кај култивираните растенија – житни култури, градинарските култури, овошните насади и виновата лоза, така и кај дивата популација на растенија. Теренските истражувања направени на целата територијата на Република Македонија, потврдуваат појава и присуство на патогени причинители на болести кај различни култури, застапени со различен интензитет.

После секоја теренска анализа, задолжително во лабораторијата се носат примероци за анализа, за да се докаже присуството / отсуството на патогени кај испитуваните култури, и да се изврши нивна соодветна детерминација.

>

Како пример се теренските анализи на здравствената состојба на виновата лоза на ниво на целата држава, со посебен осврт на Тиквешкото виногорје, но и на другите поголеми и помали локалитети под лозов насад.

Беше континуирано следено присуство на фитоплазматски и вирусните промени кај различни сорти на винова лоза, но најинтензивно беа следени винските сорти Вранец, Црн бургундец, Шардоне и Смедеревка, кај кои симптомите и економските штети беа најмногу изразени.

Присуството на вирусите кај новиот саден материјал како и за прв пат подетално е испитувано во одделението за вирологија при Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина. Лабораториски беше потврдено присуство на вирусот на свиткување на листовите кај виновата лоза – Grapevine leaffroll virus кој во литература се јавува со досега потврдени 9 соеви, од кои кај нас ги има GLRaV1 и GLRaV3, GVA и GFkV.

Исто така, во одделението за бактериологија и вирологија, беше следена состојбата со насадите под слива, каде беше потврдено присуство на вирусот на шарка на сливата (Plum pox viruses). Овој вирус беше потврден со универзална група на серуми за детекција на вирус на шарка кај сливата (со користење на универзални китови на BIOREBA). Присуството на овој вирус беше забележано кај повеќегодишни насади од слива со следење на состојбата на вирусот почнувајќи од месец мај до месец септември. За да се одреди концентрацијата на вирусот за време на латентниот период, во месец декември од маркирани позитивни овошки на вирусот на шарка на сливата беа собирани заспани пупки и кај нив беше потврдено присуството на вирусот со иста концентрација.

© 2015 UNILAB. All Rights Reserved | Design by W3layouts