Почвата е важен дел на животната средина и од гледна точка на производство на храна е од клучно значење за луѓето. Плодност на почвата е способност на истата да на растенијата им обезбеди континуирана оптимална храна, вода, воздух, топлина и услови за вкоренување.
Одделението за агрохемија и исхрана на растенијата, во склоп на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, почнува со работа во 2011 година во нови, соодветно опремени простории, и обезбедува квалитетни услуги со користење на акредитирани методи за анализа на почва и ѓубре, со користење на модерна аналитичка опрема која редовно се проверува со интерни и екстерни калибрации од страна на надлежни институции, со користење на референти материјали и стандардни раствори за калибрација со гарантирана следливост , внатрешни референти примероци, континуирана верификација на нашите методи како и редовни меѓулабораториски споредби ( пр. BIPEA).
Основна дејност на одделението за агрохемија и исхрана на растенијата:
1. Агрохемиска анализа на почвиstrong>
2. Контрола на квалитет на средства за исхрана на растенијата и подобрувачите на својствата на почвата
Агрохемиската анализа на почва е корисна алатка за одредување на плодноста на почвата и барањата на различните култури за прихрана. Редовното земање на почвени проби и нивното испитување во лабораторија може да ги следи промените и ефикасноста на прихраната која се применува.
Од друга страна, контрола на квалитетот на средства за исхрана на растенијата и подобрувачите на својствата на почвата се врши со цел да се утврди дали квалитативните својства и карактеристики на анализираниот примерок ги исполнуваат стандардите и техничките прописи за квалитет, според Правилникот за ѓубрива (Службен Весник бр. 96 од 2009 година) и соодветниот закони за квалитет на ѓубрива.
Добиените резултати, при анализа на почва, се споредуваат со гранични вредности за содржината на поодделните елементи во соодветните примероци (кои се практично проверени) и врз основа на тоа се дава соодветно мислење за плодноста на почвата и препорака за ѓубрење.
За средствата за исхрана на растенијата и подобрувачи на својствата на почвата лабораторијата исто така во склоп на извештајот од анализата, се дава и мислење за квалитетот на ѓубрето во согласност со Правилникот за ѓубрива (Службен Весник бр. 96 од 2009 година) и соодветниот закони за квалитет на ѓубрива.
1. параметри кои се испитуваат при агрохемиска анализа на почвата
- активна и потенцијална(изменувачка) киселост на почвата (pH вредност)
- електрична спроводливост(ЕС) во почви
- леснодостапни содржини на фосфор и калиум во почва
- Одредување на хумус
- вкупен азот, фосфор и калиум во почви
- Одредување на CaCO3
- минерални форми на азот: NH4 -N и NO3-N
- Одредување на разменливи Ca и Mg
- механички (гранулометриски состав) на почва
- содржина на активна вар во почва
- Екстракција и одредување на достапни форми на микроелементи (В, Mn, Fe, Cu Zn) во почва
2. Параметри кои се испитуваат при контрола на квалитет на средства за исхрана на растенијата и подобрувачите на својствата на почвата.
- Во неоргански ѓубрива и подобрувачи на почва
- физички параметри (механички состав, волуменска густина и влага)
- рН вредност
- вкупни форми на примарни макроелементи (фосфор, азот калиум)
- вкупни форми на секундарни макроелементи (калциум, магнезиум, натриум, сулфур)
- вкупни и водорастворливи форми на микроелементи (бор, бакар, цинк, манган, молибден, железо, селен, кобалт)
- водорастворливи форми на сите примарни (фосфор, калиум) и секундарни (калциум, магнезиум, сулфур) макроелементи.
- други достапни форми на фосфор (р-рлив во лимонска кинселина и во неутрален амониумцитрат)
- сите азотни форми (амониумска, нитратна, карбамидна)
- штетни компоненти (биурет, хлориди, тешки метали)
- Во органски ѓубрива, подобрувачи на почва и супстрати (покрај горе наведените)
- органска материја
- органски јаглерод
- хумински и фулво киселини
- вкупни аминокиселини (во биостимулатори)
- електрична спроводливост
- органски азот
3. Поважна опрема
- Kjeldhl единица за дигестија - Behr S3
- Kjeldhl единица за дестилација - Behr S3
- Пламен фотометар Janeway PFP 7 50594
- UV/vis.Спектрофотометар BOECO модел Ѕ-26
- сушници;
- апарат за дестилација на вода;
- аналитички ваги
- водено купатило
- рН метар 3510 Jenaway
- калциметар по Scheibler
- грејни тела
- ротациона и вибрациона мешалка
- кондуктометар
- сита од нергосувачки челик
© 2016 UNILAB. All Rights Reserved | Design by W3layouts